Венецуелскиот Парламент ја отфрли одлуката на Уставотворното собрание за одземање на надлежностите

од desk2
95 прегледи

Венецуелското Национално собрание, во кое мнозинство има опозицијата, соопшти дека не ја признава одлуката на новоизбраното Уставотворно собрание, составено од приврзаници на претседателот Николас Мадуро, за одземеање на неговите надлежности.

– Националното собрание, меѓународната заедница и народот нема да ја почитуваат одлуката за одземање на надлежностите на Националното собрание, се наведува во соопштението на Парламентот објавено на Твитер. Уставотворното собрание денеска едногласно усвои декрет со кој ги презема сите надлежности на досегашното Национално собрание.

– Уставотоврното собрамние ги прзема надлежностите за носење закони за прашања кои дирекно се однесуваат на обезбедувањето на мирот, безбедноста, суверенитетот, социо- економскиот и финансискиот систем, државните активи и заштитата на правата на граѓаните, се наведува во декретот.

Изборите за Уставотворното собрание беа одржани на крајот на јули. Опозицијата не ги признава резултатите од изборите.