Венгер: Наполи тешко ќе го елиминира Арсенал од ЛЕ

од Vlatko K
87 прегледи

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер го пофали Карло Анчелоти, но предупреди дека
Наполи ќе има тешка задача против „топџиите“. Двете екипи ќе играат едни против други во
четвртфиналето на Лигата на шампионите. Мечовите ќе се одржат на 11 април во Лондон и на 18
април во Неапол.


„Јас ќе го поддржувам Арсенал, како и во кој било друг натпревар“, изјави Венгер за Ил Матино.
„Не треба да му давам совет на Унаи Емери. Го сакам Карло Анчелоти, тој е еден од најдобрите
тренери во историјата, вистински маестро“, рече тој категорично за Италианецот.

„Арсенал е одличен тим и ќе му биде многу тешко на Наполи да се квалификува за следното коло“,
додаде Венгер.