Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос се повлекува од раководството на грчката опозициска социјалистичка партија, но останува во политиката, пишува “Катимерини”.
“Заминување претседател на ПАСОК, но не се откажувам од политиката, ниту од мојата одговорност, ниту од мојата борба за Грција, рече тој на 10 конгрес на партијата основана во 70-тите години на минатиот век од покојниот веќе Андреас Папандреу
Венизелос изјави дека ја презема целата одговорност за лошите резултати од парламентарните избори во јануари. Тој исто така верува дека вина за тоа претставување има и поранешниот лидер на ПАСОК, Јоргос Папандреу, кој ја напушти партијата и создаде свое политичко движење.
Венизелос ги коментира и повиците на владата кон опозицијата да се поддржи договорот со меѓународните кредитори. Според него пред да се бара поддршка, ПАСОК треба да се запознае со него. Венизелос повика Ципрас да се извини на грчкиот народ за лагите, имајќи предвид неисполнетите предизборни ветувања на СИРИЗА.
За претседателската функција ќе расправаат двајца поранешни министри Андреас Ловердос и Фофи Генимата.
