Венко Филипче ги поддржа приватните специјализанти, за прв пат е обезбедена плата за нив во негово време

Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите“  истакнува Филипче.

од Бети Божиноска
281 прегледи

„Во целост ги поддржувам приватните специјализанти во барањата за покачување на примањата, согласно растот на платите. Тие го бараат само она што и го заслужуваат“, напиша Венко Филипче на својот Фејбук профил и им даде поддршка на приватните специјализанти кои најавија протест за покачување на приходите.

Поранешниот министер за здравство потсети дека заедно со нив во инклузивен процес за прв пат била обезбедена плата.

Филипче вели одлуките за нивните права и барања мора да се носат заедно со нив, како што тој тоа го правел додека бил министер.

„Обезбедувањето плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата, беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите“  истакнува Филипче.

Слични содржини