Венс: Ни Русија ни Украина нема да бидат задоволни од решението

Завршувањето на војната во Украина е далеку од едноставно, смета тој, но сепак е добро што се бара решение.

од desk2
28 прегледи Фотографија: WhiteHouse.gov

Џ. Д. Венс, потпретседателот на САД, смета дека ниту Украина, ниту Русија можеби нема да бидат задоволни од исходот на мировната спогодба за која посредува САД, но вели дека преговорите заслужуваат енергија и време, дури и ако не успеат.

Завршувањето на војната во Украина е далеку од едноставно, смета тој, но сепак е добро што се бара решение.

„Ако ја земете предвид сегашната линија на контакт меѓу Русија и Украина, ќе се обидеме да најдеме некое преговарачко решение со коешто Украинците и Русите би можеле да се живеат, со кое ќе може да живеат во релативен мир, со кое престанува убивањето – но тоа нема никого да усреќи“, порача Венс.

Зеленски: Отстапките нема да ја натераат Русија да го сопре војувањето

Тој претходно изјави оти не верува дека средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би бил продуктивен, ако на него не му претходи состанокот со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трамп и Путин треба да се сретнат во Алјаска в петок.

Европа стравува од ново „Минхенско предавство“: Што се крие зад предлогот на Путин за прекин на војната