Верати: Лути сме што немаме за што да играме

од Vladimir Zorba

Марко Верати призна дека фудбалерите на Пари Сен Жермен не се задоволни што во оваа фаза од сезоната немаат за што да играат. Тимот веќе го обезбеди шампионатот во Франција, но имаше поголеми амбиции. ПСЖ испадна од Лигата на шампионите и Купот на Франција и последните натпревари ги одигра без тензија. Парижаните вчера пропуштија два гола предност против Троа, бидејќи натпреварот заврши 2:2 и ова беше трето последователно реми за нив.

„Има одредена нервоза. Овие натпревари треба да бидат за забава. Нема тензија. Се ближиме до крајот на сезоната и по секој натпревар се чувствуваме луто. Мислам дека можевме многу подобро да се претставиме со тимот што го имаме. Тоа беше тешка сезона. Вистина е дека на почетокот имаше многу промени и нови играчи, но тоа не е оправдување. Тешко е да се изгради тим кога има толку многу промени. Мора да ги земеме позитивните работи од оваа сезона и да се обидеме да се надградиме за следната“, прокоментира Верати.

Италијанскиот репрезентативец не криеше дека се уште боли испаѓањето од Реал Мадрид во Лигата на шампионите: „Против Реал се боревме многу добро и одигравме многу добро 150 минути. Ја освоивме титулата во Франција и тоа е добро. Мислам дека не ни недостига многу. Секој треба да даде повеќе. Имавме сон во Лигата на шампионите“.

Слични содржини