Веројатно професионален убиец ги ликвидрал мајката и синот- сите светилки во домот во Козле биле одвртени

од desk3
111 прегледи

Сите светилки биле одвртени на спратот во куќата каде во скопско Козле, пред два дена беа убиени мајка и син, турски државјани.

полиција4

Истрагата утврдила дека убиецот делувал во мрак кога 29-годишниот Самет С. се вратил од излегување.

Според изјавата на сопругата на сега покојниот Самет Селџук, младиот брачен пар не бил дома до 1:30 часот по полноќ. 29 годишниот Селџук бил застрелан додека се пресоблекувал, директно во главата, по што паднал до креветот каде најверојатно веќе лежела мртва неговата мајка, исто така убиена со истрел во главата.

Првичните претпоставки се дека прво била убиена жената, а потоа убиецот скриен во темница го чекал нејзиниот син.

Истрагата претпоставува дека станува збор за професионален убиец кој дошол пешки до местото на злостортсвото.

На телото и на устата на убиениот е најден бел прав сличен на брашно. Турската полиција уште не пратила повратен одговор дали жртвите имале кривични дела во нивната татковина, а преку Интерпол и во Македонија немало потерници по нив

Според исказот на пријавителот никој не слушнал ништо. Констатирано е дека вратата не е насилно отворена, но била пронајдена отворена.

Засега се знае дека убиениот Самет С. (29) пред неколку месеци стапил во брак со ќерката на 57-годишниот Н.А. кој е сопственик на куќата во која двајцата се убиени.