Версаче го продава фустанот на Џеј Ло

386 прегледи

Љубителите на модата имаат можност да го купат иконскиот фустан кој Џенифер Лопез го носеше на Греми во 2000 година. Имено, Версаче наскоро пушта во продажба две верзии на иконската креација, а ќе може да се купи на нивната страница. Купувачите однапред се запишале на листа на чекање.

Версаче откри две варијанти на фустанот: првата е со кратки ракави, каков што го носеше Џеј Ло на ревијата на Донатела Версаче минатата година, а втората е со долги ракави, слична на оригиналот кој го носеше пред 20 години.

Како што пишуваат странските медиуми, интересот за фустанот е огромен, а таква е и цената. Верзијата на фустанот со долги ракави чини 4.850 фунти, додека цената на онаа со кратки ракави е 6.960 фунти.

Сопственичката на една од интернет страниците на кои ќе може да се купи фустанот, Ида Петерсон, вели дека неверојатно е колкав е интересот за толку скап фустан.

– Тоа ретко се случува. Побарувачката е најчесто ограничена на малку луѓе кога зборуваме за таа цена – рекла.

Како што пишуваат странските медиуми, поголемиот број се познати личности кои ќе забележале на листата на чекање.

Слични содржини