Версајската палата евакуирана поради ДОЈАВА ЗА БОМБА

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Версајската палата е повторно евакуирана „од безбедносни причини“ и ќе биде затворена за посетители цел ден.

Како што јавија француските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата, палатата е евакуирана поради закана за бомба.

„Почитувани посетители, од безбедносни причини, Версајскиот дворец денеска ги евакуираше посетителите и ги затвора вратите за денеска“, беше објавено на официјалниот профил на Версајската палата на мрежата Х.

Во саботата исто така беше евакуирана палатата Версај, исто поради закана за бомба.

Франција го подигна нивото на безбедност на највисоко ниво од петокот вечерта, по убиството на наставникот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од млад човек пред гимназијата во градот Арас, а во тој инцидент уште три луѓе се тешко повредени, вклучувајќи го и напаѓачот.

Слични содржини