Оваа недела Дејвид и Викторија Бекам прославија две децении брак. Бидејќи повод е многу
посебен, двајцата одлучија дека треба да остварат еден од своите соништа.

Дејвид и Викторија докажаа уште еднаш дека романсата е жива, откако за годишнината си
подарија приватна турнеја низ Версајскиот дворец во Франција: „Ова е остварување на сонот!
Среќна сум што имавме чест да го доживееме овој волшебен момент“, напиша Викторија во
мрежата, каде сподели фотографии од нивниот прекрасен одмор.
Дејвид исто побрза лично да се заблагодари за оваа неверојатна можност: „Тоа беше најубавата
наша посета на Версај и тоа на многу посебен за нас ден. Благодарам на сите што се погрижија за
ова искуство. Ова е едно од најубавите места што сум ги видел во својот живот“, напиша тој.