Верските служби и молитви ќе се организираат надвор, редари ќе се грижат за спроведување на протоколите

од Nikola Popovski
325 прегледи

„Денес имаме под 500 новозаразени, а притисокот во болниците продолжува да опаѓа“, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, на средбите со лидерите на верските заедници добиле информација дека тие ќе земат обврска да обезбедат редарска служба, која што ќе се грижи за спроведување на протоколите.

„И секоја настан што го организираат да биде во надворешни услови пред храмовите. Епидемиолошката ситуација го дозволува тоа“, потенцира министерот на прес-конференција.

По предлог на Кризниот штаб, за Велигден и Бајрам нема да има полициски час, но предуслов за таа препорака било организирање на богослужби и молитви надвор од верските објекти, на што верските лидери на МПЦ и ИВЗ се согласиле.

Слични содржини