Актуелниот четирикратен шампион во Формула 1, Макс Верстапен, наскоро би можел да го напушти Ред Бул, а наводно има клаузула во договорот што му дозволува да замине на лето доколку заврши под третото место во поредокот за возачи.
Како главен фаворит за доведување на Верстапен се споменува Aston Martin, а La Gazzetta dello Sport сега пренесува детали од понудата која ја подготвуваат за Холанѓанецот.
Верстапен би можел да заработи дури 264 милиони евра од 2026 до 2028 година, или 88 милиони годишно, што би бил најголемиот договор во историјата на Формула 1.
Холанѓанецот моментално заработува 50 милиони годишно во Ред Бул.
Весникот пишува дека понудата за Верстапен ја води Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (ПИФ), со кој раководи престолонаследникот Мохамед бин Салман.
ПИФ досега главно се фокусираше на фудбалот, otkako беше одговорен за доаѓањето на Кристијано Роналдо во Ал-Наср, а сега планира да инвестира во Формула 1.
Саудијците веќе контролираат 20 отсто од акциите на Aston Martin преку нафтената компанија Aramco и сакаат да станат мнозински сопственици откако Лоренс Строл најави дека е подготвен да го продаде.