Верстапен: Формула 1 веќе не е толку забавна

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Светскиот шампион Макс Верстапен верува дека Формула 1 „повеќе не е толку забавна“ откако ФИА воведе строги ограничувања на јазикот што возачите можат да го користат пред медиумите.

Соодветно на тоа, федерацијата почна да изрекува казни, при што Макс и овде беше во прв план со санкцијата „општокорисна работа“ за пцуење пред ТВ камерите во Сингапур, а потоа и Шарл Леклер беше казнет.

„Мораме секогаш да бидеме политички коректни – призна Макс на средба со медиумите. – Отсекогаш било така, но мислам дека некои работи кои се појавија неодамна ја прават Формула 1 помалку забавна. Не знам дали ситуацијата меѓу возачите и ФИА во однос на ограничувањата и казните се влошува, но претпочитам да не навлегувам премногу во оваа тема. Јас го живеам мојот живот, ја работам мојата работа – во и надвор од тркачките викенди. Правиме што сакаме, но мораме да бидеме многу внимателни што зборуваме“.

Слични содржини