Верстапен и Хамилтон под истрага за страшниот судир

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ќе го испита инцидентот на возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Луис Хамилтон од Мерцедес, бидејќи бил „невообичаен“, изјави директорот на трките во Формула 1, Мајкл Маси.

Тој посочи иако судирот бил со мала брзина, безбедносните експерти на ФИА ќе ја испитаат ситуацијата.

Инцидентот се случи во неделата, во 26. круг од трката за Големата награда на Италија во Монца, кога Хамилтон излегуваше од боксот. Имаше контакт, автомобилот на Верстапен отскокна од работ на тротоарот и се качи на Хамилтон, но и двајцата излегоа од возилото неповредени.

Гумата од болидот на Верстапен го удри Хамилтон во главата, а седумкратниот светски шампион го спаси безбедносниот систем на автомобилот.

„Инциденти кои се различни, не нужно кога имате големо влијание на Г-силата или нешто слично, но тие се невообичаени, ние ги истражуваме“, рече Маси, пренесе „Скај“.

Тој додаде дека сите податоци се собираат.

„Нашиот оддел за безбедност ги разгледува и истражува детално, за да види што можеме да научиме од тоа и што можеме да подобриме во иднина. На тој начин, имаме цел спектар на безбедносни функции што ги имаме денес, и ќе продолжиме да ги развиваме во иднина “, рече Маси.

По трката, беше проценето дека Верстапен е најмногу виновен за инцидентот и тој беше казнет со додавање на три места на пласманот што го освои во квалификациите, на следната трка за Големата награда на Русија во Сочи, на 26 септември.

Маси посочи дека нема да разговара директно со двајцата возачи за инцидентот.

„Тие се во тесна борба за шампионската титула, двајца фантастични возачи, тоа е исклучително блиску. Кога се во таква ситуација, и двајцата ќе преземат поголем ризик. Од наша перспектива, ништо глупаво не се случи, судиите гледаа на истиот начин како и секој друг инцидент и одлучија дека еден возач е главно виновен“, рече Маси.

По трката во Монца, Ферстапен ја задржа предноста во генералниот пласман со 226,5 поени, а Хамилтон има 221,5 поени.

Слични содржини