Макс Верстапен по крајот на петочните тренинзи пред Јапонското ГП изјави дека се уште не е доволно сигурен во болидот на Ред Бул, што го спречува да брка добри времиња во Сузука.
Холанѓанецот постави петто време на првата сесија во Земјата на изгрејсонцето, а потоа заврши осми на вториот трениг, кој беше запрен вкупно четири пати со црвени знамиња. Откако заврши, тој зборуваше за медиумите во Јапонија и објасни дека нема доверба во болидот и дека Ред Бул има многу работа пред утрешниот последен тренинг.
Светскиот шампион го привлече вниманието и на настапот на неговиот нов тимски колега Јуки Цунода, кој заврши на шестото и на 18-тото место на двата тренинга пред неговата домашна трка.
„Беше хаотично за сите со сите овие црвени знамиња. Денеска ми беше доста тешко. Пробавме многу различни работи со болидот, но многу работи се чини дека не функционираат во моментов, така што е тешко да се направи круг. Ни треба многу самодоверба овде и не се чувствувам како да ја имам во моментов, така што имаме уште многу работа. Мислам дека Јуки почна добро на првиот тренинг, а потоа вториот беше хаотичен за сите. Имаме многу домашна задача да направиме од наша страна и да се фокусираме на болидот, но мислам дека сè помина разумно добро“, изјави Верстапен за Sky Sports F1.