187
Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата пред главната трка во неделата за Големата награда на Австрија.
Холанѓанецот пред голем број свои навивачи беше најбрз и додаде уште осум бода на своето конто во генералниот пласман на шампионатот.
Шарл Леклер од Ферари заврши втор во т.н. „спринт“, со најбрз круг, а зад него ќе биде неговиот клупски колега Карлос Саинц.
Расел, Перез, Окон, Магнусен, Хамилтон, Шумахер и Ботас ги комплетираат првите 10 возачи.