Верстапен останува најплатен пилот во Формула 1

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен останува пилот кој најмногу заработува во Формула 1 со плата од 65 милиони долари пред бонуси.

Втор на ова рангирање е седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, чија основна плата изнесува 60 милиони. На третото место е тимскиот колега на Хамилтон во Ферари, Шарл Леклер, чија основна плата изнесува 34 милиони долари или со други зборови, цели 26 помалку од онаа на седумкратниот светски шампион.

Ландо Норис, Оскар Пјастри и Фернандо Алонсо добиваат по 20 милиони, додека Џорџ Расел, Карлос Саинц и Пјер Гасли исто така имаат осумцифрени плати. Расел добива 15 милиони, а Саинц и Гасли – по 10 милиони.

На дното на рангирањето, секако, се дебитантите од светскиот шампионат Џек Дуан и Исак Хајар, кои добиваат по само половина милион. Лијам Лосон и Оливер Берман имаат плата од по еден милион, а Андреа Кими Антонели и Габриел Бортолето имаат по два милиони, колку и Јуки Цунода.

Плати на возачи во Формула 1 без бонуси (во американски долари):

Макс Верстапен – 65 милиони
Луис Хамилтон – 60 милиони
Шарл Леклер – 34 милиони
Ландо Норис – 20 милиони
Оскар Пјастри – 20 милиони
Фернандо Алонсо – 20 милиони
Џорџ Расел – 15 милиони
Карлос Саинц – 10 милиони
Пјер Гасли – 10 милиони
Алекс Албон – 8 милиони
Нико Хулкенберг – 7 милиони
Естебан Окон – 7 милиони
Ленс Строл – 3 милиони
Јуки Цунода – 2 милиони
Андреа Кими Антонели – 2 милиони
Габриел Бортолето – 2 милиони
Оливер Берман – 1 милион
Лиам Лосон – 1 милион
Џек Дуан – 0,5 милиони
Исак Хајар – 0,5 милиони

Слични содржини