Верстапен по критиките за борбата со Норис: „Имам погрешен пасош…“

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Макс Верстапен изјави дека има „погрешен пасош“ за боксот во Формула 1 поради остри критики за трикратниот светски шампион по Големата награда на Мексико Сити.

Во Мексико, Холанѓанецот уште еднаш примени агресивно возење во битката за позиција со Ландо Норис и двапати го исфрли Британецот од патеката. За овие постапки тој беше казнет со вкупно 20 секунди, а последните денови беше жестоко критикуван од неговите колеги и претставници на медиумите, особено оние од Островот.

Тој првично одби да ги коментира забелешките на Дејмон Хил и Џони Херберт, кој беше еден од стјуардите во Мексико минатата недела, за време на официјалната прес-конференција пред Големата награда на Сао Паоло. Подоцна, сепак, Холанѓанецот изјави за холандските медиуми дека е од погрешна националност за да очекува коректен третман од новинарите.

„Знам какви се повеќето луѓе, ова не е ништо ново. Минатата година беше совршена, а најверојатно многу луѓе беа повредени поради тоа што немаше што да се жалат. Сега гледаат таква можност и напаѓаат. На крајот на краиштата, имам погрешен пасош за овој бокс“, изјави Верстапен.

Возачот на Ред Бул, исто така, посебно го забележа коментарот на Херберт, кој рече дека верува дека Холанѓанецот намерно го исфрлил Норис од патеката кога го нападна на свиокот 7 кај Херманос Родригез.

„Не направив ништо намерно. Не можат да ми ги читаат мислите. Тоа е прилично екстремно обвинување. Само цврсто се тркавме. Во овие ситуации, некогаш победуваш, а друг пат губиш, зависи. Секоја ситуација е различна и секогаш е лесно да се коментира после завршувањето на чинот. Инцидентот заврши, сега треба да се погрижиме да имаме посилен болид за да не дојдеме повторно во слична ситуација, бидејќи работите почнуваат од тука“, прокоментира Верстапен.

Тој не е првиот возач кој зборува за темата за пристрасност во Формула 1. Пред извесно време и Фернандо Алонсо изјави дека му е потребен британски пасош за да добие фер третман и да не биде казнет за најмал прекршок.

Слични содржини