16
Актуелниот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул победи на трката за Големата награда на Јапонија денеска која се возеше на патеката во Сузука.
Верстапен со триумфот во Јапонија ја постигна првата победа годинава.
Тој победи на третата трка во сезоната со време од 1:22:06.983.
За актуелниот светски шампион ова е четврта последователна победа на патеката „Сузука“, а 64-та во кариерата во Ф1 шампионатот.
Втор заврши Ландо Норис од Мекларен, додека трет неговиот тимски колега, Оскар Пјастри.