Верстапен сака посигурен болид од Ред Бул

од Vladimir Zorba
411 прегледи

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, во неделата ја освои четвртата победа во првите шест трки сезонава и изби на првото место, но се уште е незадоволен од настапот на Ред Бул.

Шарл Леклер и Ферари беа елиминирани во Шпанија додека беше во водство, а пред тоа демонстрираше дека може да се движи со темпо што е невозможно за Верстапен, барем во првата половина од трката. Покрај тоа, Макс имаше проблеми со нефункционалниот ДРС систем и мораше да ја смени стратегијата во движење, како и неговиот тимски колега, Серхио Перез, кој требаше да го пропушти напред за шампионот да победи во Барселона.

И Верстапен призна дека сè уште се грижи за нивото на сигурност на новиот Red Bull RB18 – од 6 старта има 4 победи и две испаѓања од технички причини.

„Проблемот со системот ДРС не чини скапо“, призна Макс. – Но, на крајот сепак победивме, тимот е многу флексибилен. Брзо се прилагодуваме кога имаме проблеми, дури и ако тоа се случи за време на самата трка. Најважно е овие проблеми да не се повторат. Барем не отпаднавме, како што се случи со другите тимови, но треба да ги подобриме нашите перформанси во оваа насока“.

Светскиот шампион потсети на нешто многу важно за борбата за овогодинешната титула во Формула 1.

„Како што можете да видите, рангирањето повторно се промени“, објасни Макс за резултатот од неговата победа и елиминацијата на Леклер. – Мора да бидеме максимално доследни, да не правиме премногу грешки. Не сме роботи, ќе има грешки, но ќе се обидеме да ги минимизираме“.

Слични содржини