102
Денес, 3 ноември 2024 година, Макс Верстапен го одбележува својот 897-ми ден по ред како лидер во генералниот пласман во Формула 1.
Холанѓанецот застана на врвот на табелата по победата на Шпанското ГП во 2022 година. Оттогаш тој не го испуштил првото место. Притоа, тој го надмина рекордот на Михаел Шумахер, кој помеѓу САД 2000 и Австралија 2003 година беше на врвот на 896 последователни дена.
Рекордот на Верстапен сигурно ќе ја надмине границата од 900 дена, а можеби и повеќе, бидејќи тој не може да го загуби водството на денешната Голема награда на Сао Паоло, и ќе води барем до трката во Лас Вегас за три недели.