Верстапен: Среќен сум за Ландо, долго чекаше на оваа победа

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен изјави дека Ландо Норис од Мекларен заслужено победил на Големата награда на Мајами, пренесуваат британските медиуми.

Норис синоќа на Големата награда на Мајами ја оствари првата победа во Ф1 шампионатот.

„Многу сум среќен за Ландо. Тој ја чекаше оваа победа долго време, нема да биде последна. Дефинитивно го заслужи триумфот. Мекларен дојде со надграден болид. Изгледа дека функционираше, зарем не?“, рече Верстапен, кој заврши втор во Мајами.

Слични содржини