Верстапен: Стартувањето од пол-позицијата ми донесе победа во Јапонија

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Актуелниот светски шампион во Ф1, Холанѓанецот Макс Верстапен денеска изјави дека стартот од пол-позицијата му овозможил победа на Јапонското ГП.

Верстапен денеска победи на трката за Големата награда на Јапонија. Првата победа сезонава ја оствари на патеката во Сузука, а 64-та во кариерата во Ф1 шампионатот.

„На почетокот (сезоната) беше многу тешко, но не се откажавме и продолживме да го подобруваме болидот, кој беше во својата најдобра форма денес. Поаѓањето од пол-позицијата навистина овозможи да се победи оваа трка“, изјави Верстапен, пренесe Би-би-си.

Слични содржини