Поранешниот дефанзивец на Тотенхем и Ајакс, Јан Вертонген најави дека ќе се повлече од фудбалот на крајот од сезоната. 37-годишниот капитен на Андерлехт објасни дека објаснил дека неговата физичка состојба била главната причина за збогување од играта.
Вертонген двапати ја освои холандската лига со Ајакс пред да се пресели во Тотенхем во 2012 година. Тој забележа 315 настапи за Спарс и му помогна на тимот да стигне до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година. Дефанзивецот минатата година се повлече од репрезентацијата на Белгија. Тој е рекордер по настапи за „црвените ѓаволи“, откако го носеше дресот 157 пати.
„Забележав дека станува се потешко да се подготвувам физички за тренинзи и натпревари и да бидам на нивото на кое сакам да бидам како играч. Затоа ќе престанам да играм фудбал по крајот на оваа сезона“, изјави Вертонген.
Серијата повреди го ограничија неговото учество за Андерлехт оваа сезона, при што забележа само пет настапи.