Верушевски на 14 мај пред суд, ќе одговара само за пиштолите

од desk3
76 прегледи

Екс-разузнавачот Зоран Верушевски кој е прво осомничен во случајот “Пуч” на 14 мај ќе седне на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1.

Обвинението против него е за недозволено држење оружје и распрскувачки материјали, поконкретно за незаконско поседување на два пиштола.

56A144FBF86F6A40BC917F234599699C
Според одбраната на Верушевски, едниот пиштол Верушевски го добил во 1983 година, додека вршел службена должност и е регистриран во евиденцијата на МВР и за него не е потребно да се има дозвола. И вториот пиштол исто така бил регистриран, а Верушевски го добил како награда во 1997 година, од тогашниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски.

Засега нема информации дали и кога тој ќе бид еобвинет за случајот “Пуч”.