210
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи вечерва информирше дека Македонија ќе добие нов амбасадор во Италија. Тој посочи дека пополнувањето на испразнетите амбасадорски места е приоритет на надворешната политика.
– Затоа особено ме радува што веќе од денес новиот Амбасадор на Северна Македонија во Италијанската Република, Весел Мемеди ќе започне активно да ја извршува својата функција.
Италија е пријателска и важна земја, поддржувач на нашите евроинтегративни процеси, и неговото упатување претставува важен чекор за оддржување на овие релации, истакна Османи.
Мемеди е поранешен пратеник и член на Националната демократска преродба. Магистрирал на Универзитетот Лидс во Велика Британија, а докторирал на Универзитетот Амстердам, Холандија.