Весели: Нема да разговараме за поделба на Косово

од desk4
88 прегледи

Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели тврди дека поделба на Косово под ниту едни околности нема да биде тема на дијалогот, и истакна дека финалниот дел од преговорите ќе донесат признавање на Косово и членство во ОН.

– Косово ќе учествува во дијалогот, така што финалниот дел од преговорите ќе обезбедат меѓународно обврзувачки договор, што ќе донесе признавање на Косово и место во ОН. Тоа е наша заедничка агенда со САД и со ЕУ. Нема да има никаква поделба на Косово. Нема да разговараме за тоа прашање. Косово ќе влезе во ОН, во НАТО и во ЕУ со гаранции за својата независност, изјави Весели за Коха Диторе