Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ со кој бегале убијците

од desk2
85 прегледи

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ исказ ќе дадат шест вешти лица кои извршиле вештачење на повеќе области поврзани со случајот.

Вештото лице Снежана Николовска, хемичар од МВР, извршила вештачење на земени примероци земја од калниците на автомобилот „опел омега“ со кој наводно бегале убијците и примерок земја која била непосредно до едно од мртвите тела кај Смилковското Езеро.

По извршеното вештачење, Николовска утврдила дека овие две примерока се совпаѓаат, што значи дека автомобилот „опел омега“ бил кај Смилковското Езеро.

Николовска земала примероци и од земјата кај Вражји Вир, каде што е пронајден автомобилот, но таа не се совпаѓала со онаа покрај мртвото тело кај Смилковско Езеро./Makfaks