Вештачка интелигенција во автомобилот ги познава емоциите на возачот

од Vlatko K
85 прегледи

Нова технологија со вештачка интелигенција ќе ги познава нашите емоции додека возиме, и
истовремено ќе ги прилагодува поставките во кабината, за да обезбеди поволна средина за
возачот, соопштија од автомобилската компанија Jaguar Land Rover, која го развива AI решеието.


Системот користи свртена кон возачот камера и биометриски читања, за да го набљудува и
разбира расположението на возачот и да ги прилагодува поставките во кабината, вклучувајќи
клима уредот, медиа содржините и светлата.

Подесувањата се менуваат во зависност од изразите на лицето за да му помогнат на возачот да се
справи со стресот. Голем број студии ширум светот покажуваат дека 74% од луѓето се чувствуваат
под стрес или секојдневно се под притисок.

Технологијата на Jaguar Land Rover користи вештачка интелигенција за да се адаптира со нијансите
во изразите на лицето на возачот и да ги имплементира поставките автоматски по некое време.

Значи системот ќе ги проучи параметрите на возачот и ќе направи соодветни прилагодувања.

Поставките за прилагодување може да вклучуваат замена на амбиенталното светло кон
посмирувачки бои, ако системот препознае дека возачот е под стрес, да пушти омилена плејлиста,
а при проѕевање или други знаци дека човек е изморен – да ја намали температурата.

Jaguar Land Rover тестира слична технологија за патниците со задни седишта со камера монтирана
во потпирачот за глава. Ако системот фати знаци дека човекот е уморен, може да ги намали
светлата, да ги затемни прозорците и да се зголеми температурата позади, за да им помогне на
патниците да заспијат или да се смират.

Софтверот е следната генерација на веќе постоечката технологија за следење на возачот на Jaguar
Land Rover. Достапни во сите возила на британската компанија е мониторот за состојба на возачот,
кој е способен да открие дали возачот почнува да се чувствува поспан, за да даде предупредување
за одмор.