Вештачката интелигенција може да ги загрози работните места на 80 отсто од жените во САД

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Развојот на вештачката интелигенција (ВИ) би можел да ги загрози работните места на речиси 80 отсто од жените во САД, според новото истражување на училиштето Кенан-Флегер на Универзитетот во Северна Каролина.

Околу 59 милиони вработени жени во САД се занимаваат со професии кои се загрозени од автоматизацијата и развојот на вештачката интелигенција, пренесува CNN.

Вработените мажи исто така се изложени на овој ризик, но во помала мера, бидејќи напредокот на вештачката интелигенција е потенцијална закана за 58 отсто од машката работна сила.

Слични содржини