Вештачката интелигенција влегува и во шпанската арбитража

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Вештачката интелигенција, која се повеќе навлегува во секојдневието на сите, најверојатно наскоро ќе игра важна улога во шпанскиот фудбал. Поточно, станува збор за тамошната арбитража која е меѓу најконтроверзните во Европа. „Ас“ пренесува дека веќе се работи на програма во која вештачката интелигенција, на пример, би избирала кој судија да суди на даден натпревар.

Во моментов тоа е задача на членовите на Техничката судиска комисија, кои често се обвинуваат за пристрасност кон еден или друг клуб. За да се избегнат какви било сомнежи за вакво нешто, вештачката интелигенција, врз основа на различни податоци, ќе ги стесни опциите за судија за даден натпревар на двајца или тројца. Се размислува и дали да се отстрани географското ограничување, според кое судија не може да суди натпревари меѓу клубови од истиот регион како него.

Дополнително, планот е вештачката интелигенција да биде „одговорна“ за одлуката за унапредување и испаѓање на судиите во различните дивизии преку анализа на нивниот настап на натпреварите што ги водат. Како што е познато, токму таков е еден од обвинетите во злогласниот скандал „Негреира“. Хозе Марија Хенрикез Негреира – поранешниот потпретседател на Техничката судиска комисија, обвинет за незаконска поддршка на Барселона, беше одговорен за тоа кои судии ќе бидат „унапредени“ во Ла Лига, а кои ќе бидат деградирани во пониските дивизии, што е предуслов за влијание.

Слични содржини