Во Грција е лансирана програмата „Вештачка интелигенција во училиште“.
Министерката за образование Софија Захараки нагласи дека употребата на вештачката интелигенција во наставната програма не е наменета да ги замени наставниците, туку да ја поддржи нивната работа со учениците. Пред сè, грчкото Министерство за образование се стреми да им овозможи на сите ученици да имаат практично знаење и одговорен став кон современите технологии.
Програмата започнува со обука на наставниците за користење и примена на технологиите во наставата. Ова создава безбедна образовна средина и практични услови за подобрување на квалитетот на часовите. Наставниците ќе имаат можност да предизвикаат критичко размислување кај своите ученици.
Програмата „Вештачка интелигенција во училиште“ првично беше лансирана во неколку училишта и, доколку биде успешна, ќе биде имплементирана во повеќе образовни институции.
За таа цел, Грција соработува со големи добавувачи на технологија, нагласи Министерството за образование.