Вештачки интелект создава анимации по текст

од Vlatko K
228 прегледи

Веќе постојат невронски мрежи кои создаваат оригинално видео по текстуален опис. Иако тие не
можат целосно да ги заменат операторите, напредокот во оваа област е очигледен.


Disney Research и Rutgers имаат развиено невронска мрежа која може да создаде грубо сценарио и
видео по текстуален опис, соопшти VnetureBeat. Системот работи со природен јазик, што ќе
овозможи да се користи во голем број области, како на пример креирање видеа за обука.

Освен тоа AI системот ќе помогне на сценаристите да ги визуелизираат своите идеи. Креаторите
нејзини уверуваат дека целта не е вештачкиот интелект да ги замени писателите и уметниците, туку
да ја направи нивната работа поефикасна и помалку здодевна.

Програмерите велат дека преведувањето на текст во анимација не е лесна задача, бидејќи
влезните и излезните податоци немаат фиксна структура. Повеќето од важечките системи не
можат да се справат со сложени реченици. За да ги надминат ограничувањата на претходните
слични програми, програмерите имаат изградено невронска мрежа од неколку компоненти – модул
за обработка на природен јазик, модул за анализа на скрипти и модул кој генерира анимација.
Прво, системот го анализира текстот и ги преведува сложените реченици во едноставни. Потоа се
создава 3D анимација. За работа на системот се користи библиотека од 52 анимирани блока, чија
листа веќе е проширена до 92. Создавањето на анимацијата се случува со помош на Unreal Engine,
кој се потпира на преинсталирани објекти и модели – од нив системот ги избира соодветните
елементи и го формира видеото.

За обука на системот истражувачите изготвија сет на описи на 996 елементи земени од повеќе од
1.000 сценарија со IMSDb, SimplyScripts и ScriptORama5. Потоа се изведени квалитетни тестови во
кои 22 учесници оцениле 20 анимации. Во исто време 68% од учесниците велат дека системот
создава доста пристојна анимација врз основа на влезните текстови.

Екипата сепак признава дека системот не е совршен. Нејзината листа од активности и објекти не е
сеопфатен, а понекогаш лексичкото поедноставување води до несоодветни анимации.
Истражувачите планираат да ги отстранат овие недостатоци во понатамошната работа.