Весиќ: Инвеститорот ќе мора да ја плати штетата на станарите на урнатата зграда во Белград

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјави денес дека инвеститорот кој го гради објектот до зградата што се урна на улицата Видовданска во Врачар, ќе треба да ја плати штетата, „бидејќи тоа е предизвикано од нивните дела“.

Весиќ изјави за телевизијата N1 дека инвеститорите „според првите информации имале одобрение за градење и извештај за работата“, но дека тоа не значи дека „некому може да му наштетиш“.

„Инвеститорот ќе мора да ја санира целата штета на свој трошок, и тие луѓе, се разбира, ќе треба да бидат обештетени“, рече Весиќ.

На прашањето дали работите ќе продолжат, тој рече дека не можат да продолжат.

„Треба да видиме дали проектот за статика е направен како што треба, така што инспекцијата е на терен за да го утврди тоа, очигледно, нешто не е направено добро, во секој случај штетата мора да се плати“, истакна Весиќ.

Слични содржини