Весиќ: Нова зграда на истата локација, станарите на сигурно

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Зградата на улицата Видовданска, чиј дел се сруши, ќе биде срушена, а Градот Белград ќе изгради нова и сите оштетени станари ќе добијат нови станови со иста големина, најави денеска заменик градоначалникот Горан Весиќ по средбата со станарите на таа зграда.

Весиќ пред новинарите изјави дека во принцип е договорено станарите да потпишат договор со Дирекцијата за градежно земјиште, која треба да го сруши урнатиот објект и да изгради нов во рок од една година.

Според него, станарите ќе добијат нови станови со иста големина на истата локација.

Дел од станарите кои се сместени во хотелот „Славија“ ќе се преселат во градски станови, за кои нема да плаќаат, рече Весиќ.

Слични содржини