Да бевте добар кандидат, немаше да ве поддржи ВМРО-ДПМНЕ, му рече кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски на кандидатот за градоначалник од ГРОМ, Стевче Јакимовски, партија којашто е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во емисијата „Само висина“ на Канал 5 го обвини дека перел пари преку Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи.
-Навистина е тешко вие да работите во една општина каде првиот работен ден ќе ви започне со 18 милиони евра долг на општината, тоа е реален долг, тоа се факти и аргументи пред кои што сите мора да ги признаеме. За бетонизацијата знае господинот Јакимовски и неговиот партнер од ВМРО-ДПМНЕ, од 2017 имаат 1860 дадени дозволи за градба, во нашиот мандат имаме само 900 решенија., рече, тој.
Според Весковски, само 160 милиони евра се плаќаат врз основи на камати, оставени од долгот на поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.
На дебатата, Весковски посочи дека пропаѓањето на Општина Карпош е резултат на владеењето на Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ, кога, според него, бил направен голем долг.
Јакимовски, пак, се бранеше не бил одговорен за долгот, додека кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски, се оградуваше од секаква одговорност.
-Јас сум сигурен и убеден во големата победа на СДСМ и коалицијата на 17 октомври, впрочем и сите анкети кои што до сега ги имаме направено, три по ред ни говорат за една убедлива победа уште во првиот круг, Верувам дека само со еден убав пристап, пред граѓаните, со искрени мотиви, со проекти кои што можат да се реализираат во наредните четири години ние можеме да излеземе пред грѓаните, рече тој.