Нашата политика во наредните четири години е развој на „Паметна општина“ преку дигитализација, односно употреба на информациско-комуникациски технологии, што придонесува за зголемување на оперативната ефикасност, споделувањето и разменувањето информации со јавноста и го унапредува квалитетот на општинските јавни услуги и благосостојбата на граѓаните, најави кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, Душко Весковски.
Според него реализацијата на оваа политика вклучува поголема партиципативност на граѓаните во планирањето и креирањето на буџетот на Општината, поголема контрола на буџетските трошоци и нивно намалување, подобрување на услугите и интеракцијата со граѓаните, ефикасно планирање и одржување на инфраструктурата, како и ефикасно и подобро управување и наплата на даноците.