Весник тврди дека ја открил тајната за пржено пилешко од KFC

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Американскиот весник “Чикаго трибјун” тврди дека го открил рецептот за пржено пилешко на синџирот за брза храна “Кентаки Фрајд Чикен” (KFC), кој се чува од компанијата во целосна тајност. 5033906Клучната состојка на пржените пилешки парченца кои се извезуваат во целиот свет, е бел бибер, тврди весникот. Репортер од изданието се сретнал со внукот на Харлан Сандерс – прочуениот основач на синџирот чија силуета се наоѓа на пакувањето на нивната храна. Репортерот се сретнал со неговиот внук – Џо Лидингтон во малата заедница каде полковник Сандерс ги продавал првите пржени пилиња пред 75 години. Лидингтон му покажал стар семеен албум, во кој имало напишан на рака рецепт и објавил дека “тоа се 11-те зачини кои се сметаат за толку тајни”.kfc9

Подоцна сепак внукот, очигледно размислил, објавил дека не е апсолутно сигурен дека предметниот рецепт е автентичен. Весникот вложил труд и експериментирање на предметниот рецепт во кујната и резултатот бил многу убедлив. Пилешкото, приготвено на овој начин било речиси идентично на најпродаваното во (KFC). Тоа, сепак, не беше прифатено како оригинално од љубителите на брзата кујна во САД, кои добро го знаат вкусот на KFC, на Coca-Cola и на Big Mac.

Друг весник – “Courier-Journal” во Луисвил, Луизијана, кој го тестира рецептот, сметаше дека пиперот е во поголем однос на добро познатиот вкус. Самата компанија KFC објави во соопштение дека нејзината тајна не е откриена, бидејќи вистинскиот оригинален рецепт се чува во сеф.