Вест Хем потпиша договор со бразилски репрезентативец

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Вест Хем потпиша со бразилскиот интернационалец Лукас Пакета, која доаѓа од Олимпик Лион.

Зделката е вредна 60 милиони евра со вклучени бонуси. 25-годишниот Пакета ќе потпише договор на пет сезони со опција за уште една.

Пакета е дете на Фламенго, а потоа настапуваше и за италијански Милан. Во 2020 година се пресели во Олимпик Лион, за кој одигра 80 натпревари и постигна 21 гол.

За репрезентацијата на Бразил, офанзивниот играч за врска има забележано 33 натпревари и седум голови.

Слични содржини