Вест Хем размислува за правна постапка против ФА поради потенцијалната доживотна суспензија на Лукас Пакета, објави весникот „Сан“.
Бразилскиот плејмејкер е обвинет за местење на обложувачките пазари со намерно подигање жолти картони на четири натпревари во Премиер лигата против Лестер, Астон Вила, Лидс и Бурнемаут.
Неговите постапки би можеле да му донесат доживотна забрана од фудбалот, објави печатот на Островот пред неколку недели.
Според „The Sun“, шефовите на „чеканите“ ги истражуваат нивните опции да се жалат до Спортската арбитража во Лозана и на тој начин да ја запрат истрагата на ФА и последователните активности на фудбалската централа.
Изданието додава дека клубот размислува да ја искористи можноста да ја „истражи јурисдикцијата на ФА“ околу ова прашање.
„Дејли мејл“ откри дека токму овие обвинувања доведоа до конечен неуспех на трансферот на играчот во Манчестер Сити. „Граѓаните“ беа сериозен кандидат за неговиот потпис пред една година кога беа подготвени да издвојат над 80 милиони фунти. Самиот фудбалер ќе има можност да игра со тимот на Вест Хем до конечната одлука.