164
Германскиот репрезентативец Тило Керер е на прагот на трансфер во Вест Хем откако вчера на состанок постигнал договор за неговите лични услови, пренесe Фабрицио Романо.
Фудбалерот на Пари Сен Жермен имаше понуда и од Севиља, но ја избра онаа на „чеканите“.
За цената се очекува брзо разбирање меѓу англискиот и францускиот шампион, бидејќи Керер не е вклучен во плановите на новиот тренер Кристоф Галтие и не тренира ниту со првиот тим.
Можно е дефанзивецот да го засили Вест Хем на позајмица, по што во летото 2023 година ќе стане слободен играч.
Тило Керер има 25 години и може да игра како централен дефанзивец, но и како десен бек.