Лондонски Вест Хем одлучи да не го продолжува договорот со Мајкл Антонио, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа пред осум месеци.
Ова сценарио го објави тренерот Греам Потер, кој во Атланта изјави дека Антонио не е во неговите планови. Сепак, клубот сè уште преговара со 35-годишниот јамајкански интернационалец за да игра друга улога во клубот.
Во 10-те години што ги помина во клубот, Антонио постигна 83 гола во 323 натпревари. Тој беше еден од најважните за освојување на првиот трофеј по 43 години кога „чеканите“ славеа во 2023 година во Конференциската лига.
Иако преживеа тешка несреќа пред осум месеци, Антонио успеа да се врати во фудбалот. Тој играше за Јамајка на Голд Купот на КОНКАКАФ ова лето и се чини дека засега нема намера да ги „закачи“ копачките.