243
Српскиот фудбал го тресе скандал поради сомнежот дека се наместени неколку натпревари, а веста за тоа стигна до Интерпол.
Откако УЕФА пријави сомнеж дека два меча од Првата лига на Србија се наместени поради сомнителни и вртоглави исплати на Далечниот исток, започна лавина од информации и шпекулации, а наскоро и некои натпревари од највисок ранг се најдоа под лупа.
Веста одекна и на меѓународно ниво, а според последните информации пренесени од Мирко Поледица, претседател на Синдикатот на професионални фудбалери, веста за овој случај се појави и на официјалната веб-страница на Интерпол.
Специјално тело на Фудбалскиот сојуз на Србија спроведува истрага за местење на натпревари.