Вестбрук оди во Лејкерс, Визардс доби „половина тим“

од Nikola Popovski
326 прегледи

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Расел Вестбрук, следната сезона ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс, објавија добро информирани американски новинари.

Ангажманот во Лејкерс е веројатно последниот обид на Расел Вестбрук некако да стигне до титулата во НБА, бидејќи тимот во кој игра Леброн Џејмс е секогаш кандидат за шампионскиот прстен.

Како пренесуваат американските новинари, трејдот е веќе договорен, но се очекува на 6 август, кога селери-капот ќе биде официјализиран.

Во замена за „машината за трипл-дабл“, Волшебниците добија големи засилувања. Монтрес Херел, Кајл Кузма и Кентавиус Калдвел-Поуп и 22-от пик од овогодинешниот драфт ќе отидат во главниот град на САД.

Вестбрук веќе се прости од Визардс преку социјалните медиуми и му се заблагодари на Вашингтон за поддршката.

Photo by Adam Pantozzi/NBAE via Getty Images

Слични содржини