Вестбрук постави нов рекорд во НБА

од Stefanija Kuzmanovska
363 прегледи

Расел Вестбрук постави нов „трипл-дабл“ рекорд во Националната кошаркарска асоцијација (НБА).

Ова се случи во поразот на Вашингтон со 124:125 како гостин на Атланта на меч од регуларниот дел од сезоната.

Бекот на „волшебниците“ направи „трипл-дабл“ 182 пати, и сега е пред Оскар Робинсон, кој го држеше големото достигнување во последните 47 години.

32-годишниот Вестбрук заврши со 28 поени, 13 скока и 21 асистенција, но промаши удар од далечина што можеше да им обезбеди успех на „Визардси“.

Слични содржини