Вестбрук во очајна форма

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Расел Вестбрук не играше синоќа во продолжението, а можно е да го загуби и местото стартер во Лос Анџелес Лејкерс.

Што е проблемот?

Се, почнувајќи од одбраната, до очајниот шут (синоќа имаше 1/10), на крајот тренерот Вогел не му дозволи да се докаже во продолженијата кога Лејкерси лесно го добија натпреварот без него.

Имаше и најслаб +/- индекс, од дури -15, а победи неговиот тим.

Имаше и свирежи од навивачите, а Леброн Џејмс ја истакна и лошата игра на Рас во интервју по мечот. Вогел го направи истото.

„Се надевам дека одговорот за неговото останување на клупата ќе биде играчот да игра подобро“, изјави Вогел.