Ситуацијата во Украина останува напната, иако стапи на сила договорот за примирје. Ситуацијата во Дебалцево буди најмногу грижи. Градот со денови е арена на судири меѓу украински единици и сепаратистите.
Рускиот претседател Владимир Путин повика во Будимпешта властите во Киев да не застануваат и украинските војници во Дебалцево да го остават оружјето, откако биле опколени од проруски сепаратисти.
Украинската армија призна за прв пат вчера дека неколку од нејзините единици се опколени во стратешкиот град Дебалцево, каде се водат жестоки борби.
Во меѓувреме, Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција за поддршка на Минските договори. Канада од своја страна најави вчера нови санкции против Русија,кои ќе влијаат нафтениот гигант “Роснефт” и политички и воени претставници на украинските проруски сепаратисти.
