Ветерани на ОВК побараа итно ослободување на Рамадани од екстрадициски притвор

од Nikola Popovski
206 прегледи

Ветерани на Ослободителната војска на Косово и членови на семејството, денеска организираа мирен протест пред Кривичниот суд во Скопје, од каде што побараа итно ослободување на Блерим Рамадани, поранешниот војник на ОВК, кој беше приведен во земјава по налог за апсење издаден од Србија.

Како што пренесуваат медиумите на албански јазик во земјава, Мевлудин Бајрами, воен ветеран, го осудил апсењето и притворањето на Рамадан, опишувајќи го овој чин како неприфатлив. Ветераните побарале итно ослободување на Рамадани, односно, „повлекување на налогот за апсење издаден од режимот на Вучиќ и неповторување на дејствијата на полицијата и судските власти под диктат на Србија“.

Рамадани беше приведен на граничниот премин „Јажинце“, врз основа на потерница издадена од Судот во Белград, преку Интерпол Србија, под обвинение за воени злосторства во 1999 година на подрачјето на Неродимље. На 18-ти јули, Основниот суд во Скопје му изрече едномесечен екстрадициски притвор.

Пред неколку дена, Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека по сите дипломатски канали ќе обезбеди ослободување на косовскиот државјанин и екс-припадник на ОВК.

„Амбасадата на Косово во Скопје е ангажирана со тим од правни експерти за што побрзо ослободување на Рамадани и негово враќање на семејството“, се наведува во соопштението на косовското МНР.

Екстрадицијат очекува и српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Српските власти досега уапсија четворица косовски државјани кои се обвинети за воени злосторства.

Слични содржини