Ветераните на ОВК очекуваат 20.000 луѓе на утрешниот протест во Скопје

„Интересот е многу голем кај граѓаните на Косово, а особено кај граѓаните од Македонија. Очекуваме голем број учесници“, велат од Организацијата на ветерани на ОВК

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Фејсбук

Ден пред протестот закажан за 13 декември во Скопјe, Организацијата на воени ветерани на ОВК ги интензивираше подготовките во Косово и регионот, повикувајќи ги граѓаните да се приклучат на собирот за поддршка на поранешните водачи на ОВК кои се на судење во Хаг.

Претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати, за приштински „Фронтонлајн“ изјавил дека интересот за протестот во Скопјe е исклучително голем, особено кај граѓаните на Косово, но и на Македонија. Како што вели, се очекува масовна поддршка.

„Интересот е многу голем кај граѓаните на Косово, а особено кај граѓаните од Македонија. Очекуваме голем број учесници, очекуваме да има 20.000 луѓе од Косово и Северна Македонија, но интересот е поголем во Косово“, кажал Гуцати.

Тој истакнал дека Организацијата на воени ветерани на ОВК добила поддршка од сите политички субјекти и дека на протестот се очекува присуство на градоначалници, особено од општини во Косово.

Гуцати укажал дека станува збор за општествено вклучување во одбраната на вредностите кои, како што вели, „се темелат на ослободителната борба“.

„Добивме поддршка од сите политички партии и во Косово и во Северна Македонија, а ќе бидат присутни и претседатели на општини од двете земји, особено од Косово. Ги повикувам политичките партии да го поддржат протестот и да ги поканат своите симпатизери на овој протест за ослободителите“, заклучил Гуцати.

„Локално“ веќе пишуваше на темата со оглед на поддршката што албанскиот политички фактор во земјава ја даде за собирот. Владата на чело со премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека не го поддржува протестот, иако довчерашниот вицепремиер и еден од лидерите на владеачката ВЛЕН, Изет Меџити кажа дека секој има демократско право да протестира. Премиерот смета дека Меџити под притисок на организаторите го поддржува протестот.

Протест за ОВК во Скопје: „Не постои албански политички фактор кој е против, а Меџити не сака кај сопственото гласачко тело да добие етикета на „предавник“

Слични содржини