Тврдеа дека не се виновни и затоа нема зошто да бегаат, и дека пртивор како мерка за претпазливост е премногу тренирање на власт и реваншизам, арно ама на крајот сепак избегаа. Е нејасно е дали нивните од партијата ги пуштија низ вода, или знаат што се праеле, па правдата наречена бежанија, си ја земаа во свои раце. Полицијата ги бараше во Скопје, Велес и Охрид, не ги најде и на крајот преку Интерпол распиша и меѓународна потерница

„Инсталциите, врските, позициите на Грујевски и на неговиот соработник се се уште актуелни. Тие можат да помогнат и секако да понудат соодветна логистика. Од друга страна, сведоци сме дека цела партија или барем врвот на партијата од ВМРО – ДПМНЕ стои зад нив, така да логистика може да се очекува и од нив. Лично сметам сметам дека се се уште во земјава“, вели Восилав Зафировски, поранешен раководител на Скетор за внатрешна контрола во МВР.
Истрагата се проширува
Сега истрагата се проширува освен локациски и се копа по неговите документи .Полицијата ќе проверува како Горан Грујевски обезбедувал боледувања, дали преку министерството за здравство или приватни установи. МВР ќе утврдува по кој основ, екс началникот на Петата управа добивал потврда за отсуство од работа, поради болест. Горан Груејевски поради депресија и анкциозност не се појави ниту на јавната седница во Апелацискиот суд.
Тој поднесе жалба со која го бараше одземениот пасош, а неговите адвокати во негово име ветуваа дека тој нема да бега. По Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се обвинети за нелегалното прислушување, полицијата се уште трага. Нив им се губи трага, откако Врховен официјално потврди дека им е потврдена мерката притвор. ОДлуката беше донесена во 17 а на мвр и бече даден налог по неколку часа да ги притвори, се разбира доволно време тие да можат да се скријат избегаат.
За потсетување, тие се обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се однесуваат на незаконското прислушување (без судска наредба) на повеќе од пет илјади телефонски броеви преку системите на УБК и за уништување на опремата за прислушување. Сите тројца беа на високи работни позиции во УБК чиј поранешен директор беше Сашо Мијалков.
Засега од МВР нема официјална потврда дали се истражува можноста, тие да добиле логистичка помош од секторот во УБК, каде Грујевски со години беше шеф. Тој и Бошковски се обвиенти во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, преку кои СЈО треба да дојде до одговорот кој нелегално прислушувал со години во земјава., и кој е главниот нарачател!